Connect with us

Формула 1

Кими Антонели победник на трката за Големата награда на Јапонија

Возачот Мерцедес Кими Антонели победи на денешната трка за Големата награда на Јапонија што се возеше на патеката Сузука. Второто место му припадна на Оскар Пјастри од Мекларен, а место на подиумот избори и Шарл Леклер од Ферари.

Во финишот на трката Џорџ Расел вршеше голем притисок за третата позиција која Леклер сепак успеа да ја зачува. Расел од Мерцедес заврши на четвртото место, а шампионот Ландо Норис од Мекларен беше петти, додека Луис Хамилтон од Ферари заврши на шестото место.

За Антонели ова беше втора победа на трите трки оваа сезона.

Трката ја одбележа и еден инцидент во 22.круг кога Британецот Оли Берман избегна судар со Франко Колапинто и удри во заштитната ограда. Според информациите од неговиот тим Хас, тој не е тешко повреден пред поради зголемените безбедносни мерки кои се применуваат во формула 1.

Антонели е лидер во генералниот пласман со 72 бода, пред Џорџ Расел со 63, додека Шарл Леклер има 49. Кај конструкторите Мерцедес е лидер со 98, пред Ферари со 67.

Следната трка е на 3.мај во Мајами. 

Маркетинг
Ad 4
Ad 3