Connect with us

Кошарка

Јокиќ со „трипл-дабл“ против Јута, а Дончиќ со 41 поен против Бруклин

Кошаркарите на Денвер потешко од очекуваното стигнаа до нова победа, а предводник беше Никола Јокиќ, кој оствари „трипл-дабл“ 33 поени, 15 скокови и 12 асистенции. Вкупно 31.ви сезонава. За Денвер ова беше петта победа во серија и со скор 47-28 (победи-порази) се на четвртата позиција на Запад. Инаку, гостите Јута Џез кои се меѓу најслабите екипи во третиот период имаа водство од 14 поени.

Словенецот Лука Дончиќ беше предводник на својата екипа ЛА Лејкерс во триумфот против Бруклин со постигнати 41 поен (15/25 шут од игра). Дуелот беше решен во последниот период, која „езерџиите“ ја добија со 31:15.

Резултати на ноќешните дуели во НБА лигата: Индијана – ЛА Клиперс 113:114, Бостон – Атланта 109:102, Кливленд – Мајами 149:128, Мемфис – Хјустон 109:119, Оклахома Сити – Чикаго 131:113, Торонто – Њу Орлеанс 119:106, Денвер – Јута 135.129, Голден Стејт – Вашингтон 131:126, Портланд – Далас 93.100 и ЛА Лејкерс – Бруклин 116:99.

Маркетинг
Ad 1
Ad 2