Connect with us

Тенис

Зверев на убедлив начин до нова победа и меч против Синер

Германскиот тенисер Александер Зверев успеа да се пласира во полуфиналето на Мастерсот во Мајами откако го надигра Аргентинецот Франсиско Серундоло со 2:0 во сетови (6:1 и 6:2). Со оваа победа Зверев закажа нов меч со Јаник Синер од Италија, што значи и реприза на полуфиналето од Индијан Велс од пред неколку дена.

Ова ќе биде нов предизвик за Зверев бидејќи на последните десет мечеви Синер има исто толку победи без загубен сет.

Во второто полуфинале ќе играат Јиржи Лехечка од Чешка и Артур Филс од Франција. 

Маркетинг
Ad 3
Ad 1