Општини
Во касарната Еребино ќе се уништуваат минско-експлозивни средства
Полицијата и Армијата во недела (29 март) во касарната Еребино помеѓу тетовските села Желино и Сиричино ќе вршат уништување на минско-експлозивни средства, па ги информираат граѓаните дека ќе се слушаат експлозии. Активностите ќе почнат во 9 часот.
-Ќе се изврши уништување на минско-експлозивни средства, кои се во лоша состојба и не можат да се транспортираат до полигонот Криволак за уништување, соопшти денес СВР Тетово.
Активностите ќе ги реализираат екипи од Министерството за внатрешни работи и Армијата.
март 28, 2026

