Connect with us

Хроника

Пронајдена експлозивна направа во велешката населба Трпезица

Вработен во Јавното комунално претпријатие „Дервен“ од Велес вчера околу 12:00 часот, при извршување на работни задачи на улицата „Милан Војницалија“ во населбата Трпезица, пронашол експлозивна направа.

Како што информираат од Секторот за внатрешни работи Велес, по добиената пријава од комуналното претпријатие, на местото на настанот извршен бил увид од страна на пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување.

Експлозивната направа била безбедно подигната и дислоцирана за понатамошна постапка.

Маркетинг
Ad 1
Ad 4