Хроника
Повредена ученичка во Куманово од автобус што се движел наназад
Автобус удри средношколка на пат во Долно Којнаре, кумановско, соопшти денеска МВР.
Вчера во 09:45 часот во СВР Куманово е пријавено дека на пат пред средно училиште во Долно Којнаре, кумановско, автобус „ман“ со кумановски регистарски ознаки, управуван од Б.Т.(61) од село Алгуња, општина Старо Нагоричане, со кој се превезувале ученици, движејќи се наназад удрил во 16-годишна ученичка во училиштето од село Старо Нагоричане.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила ученичката, констатирани во општа болница Куманово. Увид извршила екипа од СВР Куманово.
март 28, 2026

