Connect with us

Живот

По долга правна битка, евтаназирана 25-годишна Шпанка со инвaлидитет

Дваесет и петгодишна Шпанка, која е инвалидизирана од половината надолу, вчера беше евтаназирана на нејзино барање по двегодишна правна битка со татко ѝ, кој беше против нејзината одлука.

Шпанија е една од ретките земји во Европа што ја декриминализира евтаназијата од 2021 година.

Ноелија почина вечерта во болница во град на 40 километри од Барселона.

„Сакам сега да си одам во мир, да престанам да страдам, тоа е тоа“, рече Ноелија во своето последно интервју за шпанските медиуми, емитувано во средата на телевизијата „Антена 3“. Таа го опиша својот живот како полн со страдање и сексуална агресија.

„Не можам повеќе да го поднесам ова. Не можам повеќе да ја поднесам оваа болка“, рече Ноелија додавајќи дека „среќата на таткота, мајката или сестрата не може да биде пред среќата на нивната ќерка“ осврнувајќи се на нејзиното семејство, кое се спротивстави на нејзината одлука.

Евтаназијата дојде по долга правна битка меѓу Ноелија и татко ѝ. Ноелија станала инвалидизирана по обид за самоубиство во 2022 година кога се фрлила од петтиот кат на зграда по групно силување.

Младата жена ги почнала административните процедури за евтаназија пред две години. Комисијата за гаранција и евалуација на регионот Каталонија сметала дека барањето на Ноелија е во согласност со законот, кој наведува дека секое лице кое е свесно и кое страда од сериозна и неизлечива болест или хронична и исцрпувачка состојба може да побара помош при умирање ако исполнува одредени услови.

Таткото на Ноелија ја оспорил одлуката на својата ќерка на суд, со што се запрела евтаназијата планирана за август 2024 година. Таткото на Ноелија потоа тврдел дека ќерка му има проблеми со менталното здравје, што влијае врз нејзината способност објективно да донесува одлуки. Ноелија се обидела повторно, и на крајот на февруари Врховниот суд во Мадрид ја отфрли новата тужба поднесена од татко ѝ против неа и дозволила на Ноелија да ѝ се помогне при умирањето. На крајот, стигнала до Европскиот суд за човекови права, кој ги отфрлил обидите за блокирање на постапката за евтаназија.

Според податоците од Министерството за здравство, откога законот за евтаназија стапи во сила во Шпанија, до крајот на 2024 година во земјата се евтанизирани 1.123 лица

Маркетинг
Ad 3
Ad 3