Connect with us

Вести

Мицкоски за критиките на Филипче: Логично е опозицијата да критикува, но да клевети е погрешно, ќе ги видат резултатите на следните избори

Како претседател на Владата мене ме исполнува да има повеќе инвестиции, државата да оди напред, а логично е опозицијата да критикува. Резултатите ќе ги видиме на следните избори – изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски на новинарско прашање за обвинувањата на претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната средба со новинарите.  

– Логично е, тој е опозиција. Мисли дека ако критикува, ако навредува, ќе привлече внимание, важно е ние да си ја водиме нашата работа, еве вакви инвестиции, државата да оди напред, да се бројат инвестициите што повеќе, да има сигурност. Тоа е она што мене ме исполнува како претседател на Владата – рече Мицкоски, кој беше на одбележувањето 20 години постоење на ЕВН и пуштање на новата трафостаница „Централна“. 

Ако го слушате СДСМ, додаде тој, тогаш тоа е логично – да конструира, да клевети, да не ја говори вистината.

– Неговиот ПР-тим, предводен од еден поранешен советник на поранешен премиер од редовите на СДСМ и роднина на еден регионален висок политичар, кој со себе има донесено ПР-стратези, така одлучиле тие да го советуваат СДСМ, дека тоа е начинот како треба да водат политика. Јас мислам дека им е погрешен, но ќе ги видат резултатите на следните избори – рече премиерот Мицкоски. 

Маркетинг
Ad 3
Ad 2