Connect with us

Забава

Кралот Чарлс за миг заборави на џентлменскиот бонтон, па ја насмеа британската јавност

Британскиот крал Чарлс III (77) и неговата една година постара сопруга, кралицата Камила, кои минатата година прославија 20 години брак, го посетија Корнвол за да ја одбележат 25-годишнината на Проектот „Еден“. По тој повод, таму тие се сретнаа со добротворни групи од целата земја, и уживаа во приредениот ручек.

Кралот во еден миг толку се занесе во разговорот со доброволците, што изгледаше сосема „несвесен за светот околу него“, случајно игнорирајќи ја својата сопруга, која пак, упорно и настојчиво се обидуваше да го привлече неговото внимание. Решена да не се откаже, Камила го потапка по двете раце, па и по половината, пред конечно да го повлече за раката и да го натера да се сврти.

На почетокот, навидум целосно збунет, кралот набрзо се воодушеви кога сфати зошто Камила била толку упорна. На кралската двојка ѝ беше подарена тематска торта со мотиви на улична забава, на којашто се прикажани минијатурни ликови како уживаат во ручек на маси. Тортата е посветена на претстојните прослави на „Големиот ручек“ и „Големата помош“, коишто ќе се одржат во јуни.

„Ова ни се случува на сите! Го сакам овој пар!“, „Мажи… Сите се исти!!“, „Дали ќе му биде простено за ова?“ – гласат дел од коментарите на интернет.

Некои следачи, пак, беа воодушевени од тоа „колку нормално изгледа кралската двојка“ во тој миг, укажувајќи на „нормален здрав брак“… Со заклучок: „Ова само покажува дека не е важно дали си крал или не“.

И, на крајот, на кралот и кралицата им беше даден нож налик на меч со којшто заедно ја пресекоа тортата.

Маркетинг
Ad 2
Ad 2