Connect with us

Регион

Кефалојани: Геополитичките случувања не влијаат на грчкиот туризам

Пораката што ја испраќаме во странство е дека Грција останува земја на стабилност, земја на безбедност и секако кредибилна земја, бидејќи ова има големо значење во периоди на неизвесност, истакна министерката за туризам на Грција Олга Кефалојани, во интервју за грчкото државно радио и нагласи дека геополитичките случувања не влијаат на грчкиот туризам, јави дописничката на МИА од Атина.

Министерката објасни дека се во постојан контакт со меѓународните фактори на туристичката индустрија, со туроператорите и со авиокомпаниите, додавајќи дека „постои процена дека оваа војна би можела да влијае врз нашите конкуренти, па оттука потенцијално да создадат некои услови што Грција би можела да ги искористи“.

Посочи дека сепак, додека трае оваа војната, од грчка страна ситуацијата се следи со сериозност и смиреност.

– Со оглед на тоа што имаме алатки и следиме на неделно ниво со Институтот на хотелската комора на Грција, Грција навистина во оваа фаза не е погодена од геополитичките случувања. Ова го кажувам врз основа на податоците. Гледаме некои откажувања, главно од Израел, што се должи на објективни околности. Исто така, знаеме дека Израелците веднаш штом заврши војната, се оние кои први ќе дојдат во Грција, затоа што ја сметаат Грција за безбедна земја, истакна министерката.

Паралелно нагласи дека 2026 година веќе започна позитивно, односно според официјалните податоци, во јануари и февруари се забележува голем раст споредбено со истиот период лани, но и потсети дека 2025 година беше најдобра и рекордна за грчкиот туризам со „забележителен раст на приходите“.

Според официјалните податоци, минатата година Грција ја посетиле речиси 38 милиони туристи, за 5,6 отсто повеќе од 2024 година, додека пак приходите за земјата од туризмот се зголемиле за 9,4 проценти и достигнале до 23,6 милијарди евра

Маркетинг
Ad 4
Ad 1