Connect with us

Фудбал

Касемиро потврди дека го напушта Манчестер јунајтед

Фудбалерот од средниот ред на Манчестер јунајтед, Касемиро, ја отфрли можноста да остане на „Олд Трафорд“ по завршувањето на сезоната во Премиер лигата.

Јунајтед во јануари објави дека Касемиро ќе го напушти „Олд Трафорд“ на лето, кога ќе му истече четиригодишниот договор.

-Сè уште навистина уживам во времето кое го минувам во Манчестер Јунајтед. Овој клуб е голем и навивачите беа одлични кон мене, но не сум се предомислил, рече Касемиро.

Манчестер јунајтед влегува во завршните седум премиерлигашки кола како третопласиран на табелата со приоритетна цел да обезбеди пласман во Лигата на шампиони.

-Сигурен сум дека моите последни натпревари за Манчестер Јунајтед ќе бидат тешки. Нашата цел е да го вратиме Манчестер Јунајтед во Лигата на шампионите, додаде Касемиро, кој му помогна на тимот да победи на седум од последните десет натпревари.

Маркетинг
Ad 3
Ad 1