Connect with us

Свет

Јордан – земја без нафта, но со богата традиција и неистражени светски чуда

Хашемитското Кралство Јордан останува една од најстабилните арапски држави каде традицијата и модерното живеење опстојуваат во единствена хармонија, иако е единствена земја во регионот без сопствени извори на нафта.

Оваа дестинација, која нуди спој на специфични социјални правила и фасцинантна историја, е тема на последната репортажа на инфлуенсерката „Travel With Ivon“. (Патувајте со Ивон).

Јорданското општество се темели на силно изразено гостопримство, каде одбивањето кафе се смета за навреда, а давањето предмети исклучиво со десната рака е задолжителен гест на почит. Малите гестови во оваа земја имаат големо значење и се сфаќаат сериозно.

Специфичности постојат и во државниот систем – припадниците на безбедносните сили можат да се пензионираат по само 24 години стаж. Економскиот стандард се отсликува преку просечната плата од околу 800 евра, што во главниот град Аман е речиси изедначено со просечната цена за квадратен метар станбен простор.

Земјата е дом на природни и археолошки реткости. На нејзина територија се наоѓа најниската точка на планетата, во предел на Мртвото Море (420 метри под нивото на морето).

Сепак, најголемата атракција останува античкиот град Петра. Иако е едно од седумте светски чуда, досега се истражени само 15 проценти од неговата вкупна површина, која е за четири и пол пати поголема од њујоршки Менхетен.

Од арапското гостопримство до уникатните природни и историски богатства, Јордан претставува дестинација која обединува авантура, култура и впечатливи пејзажи – место кое, според многумина, вреди да се доживее на самото место. 

Маркетинг
Ad 2
Ad 4