Connect with us

Општини

Францускиот амбасадор Кристоф Ле Риголер во посета на Дебар, нови можности за соработка и развој

Францускиот амбасадор во земјава, Кристоф Ле Риголер, денеска престојуваше во Дебар, каде оствари средба со градоначалникот Фисник Меља и неговите соработници.

За време на средбата се разговараше за постојната соработка, како и за нови идеи и иницијативи со цел понатамошно продлабочување на односите меѓу општините.

-Беше истакната важноста на реализираните проекти во рамки на збратимувањето со француски општини, кои донесоа конкретни резултати за граѓаните на Дебар. Исто така, беше изразена подготвеност оваа соработка во иднина да се прошири и со други општини, создавајќи нови можности за развој и размена на искуства, информираа од општината.

Во рамките на посетата, амбасадорот посети и две основни училишта во Дебар, каде што одблиску се запозна со работата и посветеноста во реализацијата на различни проекти низ годините.

Посебен интерес покажал за изучувањето на францускиот јазик, при што остварил средба со учениците и наставниот кадар.

Од општината оценуваат дека оваа посета претставува значаен чекор во зајакнувањето на меѓународната соработка и унапредувањето на проектите кои придонесуваат за одржлив развој на заедницата.

Маркетинг
Ad 4
Ad 4