Connect with us

Свет

Европската комисија разгледува формирање нова разузнавачка единица

Еврокомесарот за јавна администрација, Пјотр Серафин денеска изјави дека во контекст на моменталната геополитичка ситуација Европска комисија разгледува формирање сопствена разузнавачка единица.

– Имајќи ја предвид моменталната сложена геополитичка и геоекономска средина, важно е ЕК да ја зајакне отпорноста на Европска Унија од безбедносните закани, истакна Серафин.

Тој додаде дека ЕК проценува „како најдобро да ги зајакне своите внатрешни структури за да можат поефикасно да одговорат на еволуирачките предизвици“.

Нова разузнавачка единица би дејствувала во рамките на извршната власт на ЕУ и би соработувала со надлежните служби на дипломатската служба на ЕУ, Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС). 

Маркетинг
Ad 2
Ad 2