Connect with us

Свет

Американците изгубија речиси три милијарди долари во опрема во војната во Иран

Во текот на првите три недели од вооружениот конфликт со Иран, американската војска веројатно изгуби до 2,9 милијарди долари во воена опрема, изјави за „Волстрит џурнал“ Елејн Мекаскер, висок функционер за буџетот на Пентагон за време на првата администрација на американскиот претседател Доналд Трамп.

Таа ги процени штетите од битката и надоместокот за загубите на приближно 1,4 до 2,9 милијарди долари, при што втората проценка ја одразува штетата на катарскиот радар стациониран во американската воздухопловна база во земјата.

Според „Волстрит џурнал“, поголемиот дел од штетата на терен е предизвикана од ирански балистички ракети и беспилотни летала.

Маркетинг
Ad 3
Ad 1