Connect with us

Вести

За лажните дојави за поставени бомби во Тетово приведени тројца малолетници – вкупно пет лица ќе добијат кривични пријави

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека по преземени оперативни мерки и активности полициски службеници од СВР Тетово денеска лишиле од слобода тројца малолетници инволвирани во случаите со лажните дојави за поставени бомби во дел од основните и средните училишта во Тетово. 

Во претходниот период од слобода беа лишени уште две лица од кои едниот малолетник, исто така инволвирани во случаите со лажните дојави за поставени бомби. Против сите пет лица кои се инволвирани ќе бидат поднесени соодветни поднесоци до надлежното Обвинителство, согласно Кривичниот законик.

МВР апелира до родителите итно да преземат соодветни мерки за контрола врз своите деца.

-Потребно е максимално внимание и превенција за да се спречи какво било понатамошно појавување на вакви појави кои ја вознемируваат јавноста и го нарушуваат безбедносниот систем. СВР Тетово нема да толерира никакви обиди за загрозување на безбедноста на учениците и граѓаните. Во случаи на идни вакви дејствија ќе се преземаат најстроги законски мерки против сторителите, но и против родителите за занемарување на должноста за надзор, истакна на вонредна прес-конференција Фатмир Реџепи, портпарол на СВР Тетово. 

Од таму велат дека ќе се иницираат педагошки и социјални мерки во тесна соработка со образовните институции и Центрите за социјална работа.

Маркетинг
Ad 4
Ad 1