Connect with us

Култура

Во Велес отворена изложба со илустрации од Димитар Кондовски инспирирани од македонски бајки

Во Ликовниот салон во Велес синоќа беше отворена изложба од Димитар Кондовски на која се претставени 82 богато колоритни илустрации од седум сликовници од македонски бајки меѓу кои и популарната „Силјан Штркот“ собирани од Марко Цепенков и други народни собирачи.

Сликовниците биле првично издадени во 1986 година од Издавачката куќа „Детска радост“ како петојазично издание на јазиците народите и народностите во тогашна Југославија како едиција „Колибри“ постигнале голем успех. Затоа издавачката куќа „Детска радост“ направиле препечатено издание на истите сликовници во 1992 година кога ги отпечатиле во нов формат како гигантски сликовници и кои исто така доживеала голем успех, информира за МИА промоторот на изданието Јасмина Намичева, историчар на уметноста.

Синот на Димитар Кондосвски, Филип Кондовски за МИА, информира дека овие дела неговиот татко ги работел напорно две години и по неговата смрт во 1993 година биле чувани во фиока. Идејата за оваа изложба била на неговата мајка и сопруга на Димитар Кондовски, Хилда Гарт Кондовска. Затоа тој решава да ја оствари нејзината идеја и заедно со  Јасмина Намичева решава и да ја реализираат пред една година.

Изложбата првично беше отворена во Музејот на Македонија во Скопје, кој отечати и сликовница со сите македонски бајки и која може да се купи кај нив.

Во рамките на проектот „Мусеум Линк“ на здружението „Архи факт“ изложбата ќе биде претставена во повеќе македонски градови. По Велес на 16 април изложбата ќе биде претставена во Домот на културата во Кавадарци.

Маркетинг
Ad 4
Ad 1