Култура
Во Битола претставата „Сомнително лице“ за Светскиот ден на театарот
Светскиот ден на театарот во Битола ќе биде одбележан со изведба на претставата „Сомнително лице“ на Бранислав Нушиќ во режија на Деан Дамјановски.
Менаџментот на Народен театар Битола одлучи влезниците за вечерашната претстава да се продаваат со попуст од 50 насто и според востановената традиција, пред почетокот на претставата ќе бидат прочитани македонската порака, која годинава ја подготвија независен театар „Златен Елец“ од Скопје, и меѓународната порака, чиј автор е американскиот актер Вилем Дефо, во моментов директор на Театарско биенале во Венеција.
Во претставата „Сомнително лице“ ќе настапат актерите Марјан Ѓоргиевски, Валентина Грамосли, Јулијана Мирчевска, Никола Пројчевски, Филип Мирчевски, Петар Спировски, Борче Ѓаковски, Никола Стефанов, Александар Копања, Александар Стефановски, Васко Мавровски и Сандра Грибовска.
март 27, 2026

