Connect with us

Скопје

Универзитетски саем Study in Greece на 1 април во Скопје

Амбасадата на Грција, во соработка со Меѓународното училиште НОВА во Скопје, во април организира универзитетски саем Study in Greece.

Како што наведуваат од Амбасадата, платформата Study in Greece, заедно со претставници од пет водечки грчки државни универзитети, во училиштето НОВА (NOVA International School) на 1 април од 15 до 17 часот ќе презентира широк спектар на можности за студирање. 

Присутните ќе имаат можност да се запознаат со програми за дипломски и магистерски студии на англиски јазик и да добијат информации за процедурите за прием, стипендии, студентскиот живот и придобивките од стекнување меѓународно призната диплома во Грција.

– Студирањето во Грција нуди уникатно академско и културно искуство. Грчките државни универзитети комбинираат висококвалитетно образование со динамична средина за учење, која вклучува теорија, истражување и практична работа. Студентите имаат придобивки од насоките на висококвалификуван академски кадар, пристап до обемни библиотеки и ресурси и динамичен студентски живот. Во исто време, Грција нуди безбедна и отворена средина, прифатливи школарини, разумни трошоци за живот и модерна инфраструктура. Средношколците, студентите, родителите и советниците за кариера се топло поканети да присуствуваат и да ги откријат можностите што ги нуди студирањето во Грција – се наведува во соопштението.

Учеството на саемот е бесплатно, но е потребна регистрација на линкот https://shorturl.at/lxFCK, односно да се пополни формулар за да се обезбеди место.

Маркетинг
Ad 2
Ad 1