Connect with us

Свет

Турција и Албанија предничат меѓу членките на НАТО по подготвеност за одбрана на татковината

Турција и Албанија се лидери меѓу земјите-членки на НАТО според подготвеноста на граѓаните да ја бранат својата татковина, покажува истражувањето на американскиот институт за надворешна политика „Форин полиси рисрч инститјут“ (Foreign Policy Research Institute).

Во студијата насловена „Дали би се бореле за својата земја?“, Турција го зазема првото место со 88 отсто подготвеност кај граѓаните, додека Албанија е втора со 69 отсто. Во првите десет земји на листата се рангирани и Шведска (66 отсто), Финска (64 отсто), Црна Гора (63 отсто), Грција (63 отсто), Норвешка (61 отсто), Литванија (52 отсто), Полскаа (49 отсто) и Словенија (49 отсто).

Интересен е податокот дека двете северноамерикански членки на Алијансата се наоѓаат под средната точка на рангирањето – во Канада 39 отсто од анкетираните се изјасниле дека се подготвени да се борат за својата земја, додека во САД тој процент изнесува 37 отсто. Најнизок степен на подготвеност е забележан во Италија и Словачка (по 25 отсто), Германија (27 отсто), Холандија (30 отсто), како и во Унгарија и Чешка (по 33 отсто).

Истражувањето е спроведено во септември и октомври 2025 година на примерок од 31.000 испитаници, по нарачка на Универзитетот „Страдинш“ од Рига, во соработка со Центарот за геополитички истражувања во Рига.

Маркетинг
Ad 2
Ad 3