Connect with us

Вести

Трајков: Поддршка од Унгарија за европската интеграција

Одличната билатерална соработка меѓу двете земји, со акцент на унапредување на партнерството во процесот на европска интеграција била потврдеана на средбата на заменик-министерката за европски прашања, Викторија Трајков со унгарска делегација предводена од европскиот директор и заменик државен секретар во Министерството за европски прашања на Унгарија, Балаш Молнар.

На средбата, како што соопштија денеска од МЕП, била потврдена одличната билатерална соработка меѓу двете земји, со акцент на унапредување на партнерството во процесот на европска интеграција.

Заменик-министерката Трајков ја истакнала посветеноста на Владата кон спроведување на реформската агенда и забрзувањата евроинтегративниот процес, нагласувајќи ја важноста од континуирана поддршка од земјите членки на Европската Унија.

Од унгарска страна била изразена подготвеност за понатамошна експертска и институционална соработка, особено во делот на искористување на европските фондови, политиката на проширување и финансиската рамка на Европската Унија.

Соговорниците размениле мислења и за актуелните геополитички предизвици, при што била нагласена потребата од засилена регионална соработка и стабилност како предуслов за напредок на целиот регион кон членство во ЕУ.

Во рамки на средбата било договорено продлабочување на соработката преку размена на искуства и добри практики, како и интензивирања комуникацијата меѓу институциите во наредниот период. 

Маркетинг
Ad 4
Ad 1