Connect with us

Вести

Сопругата на премиерот Мицкоски на глобален самит за образование и дигитална писменост, организиран од првата дама на САД, Меланија Трамп

Сопругата на претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, Рози Мицкоска, го продолжи своето учество на глобалниот самит во Белата куќа, во организација на правата дама на Соединетите Американски Држави (САД), Меланија Трамп, фокусиран на улогата на вештачката интелигенција и образованието.

Како што соопштија од владината прес-служба, овој настан, во рамките на иницијативата Fostering the Future Together, претставува историски самит како најголемо меѓународно собрание организирано од првата дама на САД, на кој учествувале претставници од рекордни 45 земји и водечки технолошки компании.

Во рамките на самитот, се посочува, сопругата на премиерот, Рози Мицкоска, оствари краток разговор и размени мислења со првата дама на Соединетите Американски Држави, Меланија Трамп, како и со првата дама на Франција, Брижит Макрон.

Настанот бил насочен кон унапредување на образованието, дигиталната писменост и употребата на технологијата и вештачката интелигенција за поддршка на децата од светот.

„Денес ми е посебна чест денес да примам толку импресивна група лидери. Четириесет и петмина од вас патуваа од секој агол на планетата за да ја претставуваат својата нација како дел од оваа нова коалиција. Заедно ја негуваме иднината. Нашата мисија, да им дадеме моќ на децата преку технологијата и образованието, е остварлива“, истакнала во своето обраќање првата дама на САД.

Централен момент бил претставувањето на американски изработен хуманоиден робот, кој јавно се обратил и комуницирал со присутните, покажувајќи ги можностите на напредната роботика и вештачката интелигенција.

Овој дел од програмата, се нагласува, бил замислен како симбол на технолошкиот напредок и улогата на САД во развојот на иновации.

Настанот во Белата куќа послужи како платформа за меѓународно поврзување, размена на идеи и демонстрација на технолошки достигнувања, со акцент на иднината и глобалната соработка, стои во соопштението

Маркетинг
Ad 2
Ad 3