Connect with us

Вести

Шест години членство на Македонија во НАТО

Република Македонија денеска одбележува шест години од зачленувањето во НАТО откога на денешен ден во 2020 година стана 30-та членка на алијансата. Со тоа земјата реализира една од нејзините стратешки цели, која е зацртана и во резолуцијата што Собранието ја усвои во 1993 година.

Со цел непречено одвивање на процесот на интеграција на земјата во НАТО, Собранието на 11 февруари 2020 година едногласно го ратификува Северноатлантскиот договор, по што, на 20 март 2020 година, следуваше и потпишување на инструментот за ратификација на пристапниот протокол за членство во НАТО од страна на претседателот на државата.

На 27 март 2020 година, преку македонската амбасада во Вашингтон, во Стејт департментот во САД беше депониран инструментот за пристапување кон Северноатлантскиот договор, со што земјата и официјално стана триесетта земја членка на алијансата

Маркетинг
Ad 1
Ad 3