Connect with us

Хроника

Пријава за психичко насилство врз малолетничка во Кочани преку социјални мрежи

Одделението за внатрешни работи Кочани информира дека вчера (25 март) во 15:40 часот, 42-годишна жена пријавила случај на психичко насилство врз нејзината малолетна ќерка.

Според пријавата, подолг временски период девојчето било изложено на навреди и омаловажување од нејзина соученичка, на која подоцна ѝ се приклучиле и други малолетници. Насилството се одвивало преку социјална мрежа, каде била формирана група во која ја навредувале, а покрај тоа, таа често била и телефонски вознемирувана.

Како последица на ваквото однесување, малолетничката повремено имала здравствени проблеми и ѝ била укажувана медицинска помош.

Мајката на девојчето информирала дека за случајот ја известила и мајката на другата малолетничка, а разговарала и со класниот раководител, како и со педагошко-психолошката служба во училиштето.

Надлежните институции преземаат мерки за расчистување на случајот.

Маркетинг
Ad 3
Ad 1