Вести
Половината ваучери за инвертер-клими веќе подигнати, рокот истекува на 17 април
Процесот на распределба на државните ваучери за набавка и вградување инвертер-клима уреди се одвива непречено и со засилена динамика, при што над половина од вкупно доделените 4.070 ваучери веќе се подигнати – соопшти Министерството за енергетика.
Според податоците од меѓуопштинските центри за социјална работа, до 25 мартевидентирани се 2.084 подигнати ваучери.
Министерството потсетува дека списокот на граѓани што остварија право на оваа поддршка, како и списокот на компании од кои може да се набават уредите, се објавени на официјалната веб-страницата на Министерството.
– Граѓаните што се наоѓаат на списокот може да ги подигнат ваучерите во меѓуопштинските центри за социјална работа во општината во која живеат до 17 април 2026 година, при што на веб-страницата се достапни сите информации за потребната документација и за постапката – соопштуваат од таму.
По подигнувањето, ваучерите може да се искористат кај компаниите со кои Министерството има склучено договори за набавка и вградување инвертер-клима уред.
Станува збор за финална фаза од постапката по јавниот оглас за 2025 година во рамките на програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија, во која право на поддршка имаа домаќинствата што ги исполнија предвидените услови.
Со ваучерот граѓаните добиваат можност за набавка и вградување инвертер-клима уред со моќност од 3,5 kW и најмалку енергетска класа А+, во вредност до 28.000 денари, без дополнителна доплата. Ваучерите може да се искористат најдоцна до 15 октомври 2026 година
март 27, 2026

