Connect with us

Култура

Почнува меѓународниот фестивал за кларинети „Кларифест – Скопје 2026“

Од денеска до недела (29 март) ќе се одржува 8. Меѓународен фестивал за кларинети „Кларифест – Скопје 2026“, во организација на Здружението за култура и уметност „Артистико“ од Скопје, на кој годинава ќе има учесници од Полска и од Грција. 

Фестивалот ќе почне вечер од 19.30 часот во  Салон 19:19 во КИЦ-Скопје, со концерт на ученици и студенти од музичките училишта и факултети во државата.

-Следуваат дводневни семинари со гости предавачи – професори и солисти на кларинет од Грција (Милтос Мумулидес) и од Полска (Роман Видашек, Богдан Очешак и Павер Краузович) и слушатели од земјава и од соседството. Фестивалот ќе биде затворен в недела, 29 март во КИЦ-Скопје, со концерт на кој ќе настапат гостите од странство. Влезот за двата концерти ќе биде слободен за сите љубители на класичната музика и на кларинетот, соопшти Здружението „Артистико“.

Оваа година фестивалот  „Кларифест“ е поддржан од Министерството за култура и туризам и од амбасадите на Грција и Полска во Скопје.

Маркетинг
Ad 1
Ad 4