Connect with us

Култура

По повод Светскиот ден на театарот, во Куманово ќе се игра претставата „Смрт и девојка“

По повод 27 март, Светскиот ден на театарот, НУЦК „Трајко Прокопиев“ – Театар Куманово ќе го одбележи овој значаен датум со изведба на претставата „Смрт и девојка“ од аргентинскиот писател Ариел Дорфман, информираа денеска од установата.

Драмата е во режија на Мирослав Петковиќ, а играат Марко Трајковиќ, Владо Дојчиноски, Сања Русеска.-и остава силен впечаток поради неизвесноста што го принудува гледачот да размислува за моралните дилеми, личната ангажираност и учество во општествените текови.

Пораките по повод Светскиот ден на театарот ќе бидат прочитани од актерите на кумановскиот театар, Кети Дончевска Илиќ и Жарко Јовановиќ. Домашната колективна порака по повод Светскиот ден на театарот е на Театар „Златен Елец“, а автор на меѓународната порака по повод Светскиот ден на театарот годинава е американскиот актер и театарски творец Вилем Дефо.

Претставата започнува во 20 часот.

Маркетинг
Ad 1
Ad 3