Култура
Објавен романот „Селма“ од Шефкија Боранчиќ
Обајвен е романот „Селма“ од Шефкија Боранчиќ, соопшти Здружението „Диван“ од Скопје, кое информира дека се работи за слоевито книжевно дело, во кое се испреплетуваат личната судбина, колективната меморија и историското искуство.
-Делото е структурирано во повеќе тематски целини – од семејната и биографската линија, преку колективната судбина, до интимната приказна за Селма, која носи универзална порака за човековото достоинство. Како што се нагласува во рецензијата на проф. д-р Зеќир Рамчиловиќ: „Шефкија Боранчиќ припаѓа на ретката група автори чија книжевност ја надминува естетската вредност и станува запис на совеста, паметењето и заветот – наведува „Диван“.

Шефкија Боранчиќ е бошњачки писател од Македонија, автор на голем број романи.
-Неговите дела се застапени во енциклопедии и антологии, а со својот долгогодишен творечки ангажман се вбројува меѓу најважните хроничари на својот народ и време, соопшти Здружението „Диван“.
март 27, 2026

