Култура
„Надеж – Светлина низ темнината“ од Ана Митевска пред кочанските љубители на ликовната уметност
Во салонот „Фоаје 2“ во ЦК „Бели мугри“ во Кочани синоќа е отворена самостојната изложба на Ана Митевска, дела изнедрени во текот на изработката на нејзиниот магистерски труд.
Изложбата го носи името „Надеж – Светлина низ темнината“ и се состои од дваесет апстрактни слики преку кои Митева, како што самата вели „артикулира лична, но и универзална потреба за надеж – како чин на отпор и како искра на исцелување“.
Изложените слики во „Фоајето 2“ на „Бели мугри“ уметничката ги има направено во исти димензии и форма, на платно, во комбинација со акрил и масло. На сликите доминира светлата боја, значајно застапени се и нијансите на морето.
Куратор на изложбата е Јасминка Намичева, кустос советник, а свое обраќање на свеченото отворање имаше и актерот Драган Спасов – Дац.
Кочанските љубители на ликовната уметност изложбата на Ана Митевска ќе можат да ја посетат во наредните две недели.
март 27, 2026

