Култура
Мандолинскиот оркестар од Загреб со концерти во Скопје и Битола
Во понеделник и вторник во земјава ќе гостува Мандолинскиот оркестар „Слога“ од Загреб кој ќе одржи концерти во Скопје и Битола.
На репертоарот се дела од познати хрватски композитори, а диригент ќе биде младиот Максимилијан Бориќ. Почетокот на концертите е во 19 часот.
Оркестарот од Хрватска има богата традиција и е еден од водечките мандолински оркестри во Хрватска.
март 27, 2026

