Connect with us

Вести

Лимани: Потпишан историски колективен договор – платите растат до 21 отсто, предвидени многубројни бенефити за вработените

Колективниот договор за вработените во Министерството денеска го потпишаа министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани, претседателот на САДУ, Благоја Ралповски, и претставничката од Синдикалната организација на Министерството, Андријана Гуговска.

Договорот предвидува етапно зголемување на платите на административните службеници: 7 отсто од 1 март 2026 година, дополнителни 7 отсто од 1 март 2027 година и уште 7 проценти од 1 март 2028 година. Со ова, вкупното зголемување на платите ќе достигне 21 процент во наредниот тригодишен период.

Платите на вработените што немаат статус на административни службеници ќе се уредуваат во согласност со Законот за минималната плата и општите прописи за работни односи.

Покрај платите, договорот предвидува и многубројни бенефити за вработените, меѓу кои: додатоци на плата за ноќна работа, сменска работа, работа во денови на празници и прекувремена работа, јубилејни награди, гаранции за заштита од вознемирување на работното место, мерки за заштита и безбедност при работа, уредување платени и неплатени отсуства и друго.

Со потпишувањето на овој договор Министерството и социјалните партнери испраќаат силна порака за заедничка посветеност кон подобрување на работничките права, јакнење на социјалниот дијалог и градење модерна и ефикасна јавна администрација

Маркетинг
Ad 2
Ad 1