Connect with us

Скопје

Крводарителска акција во Општина Аеродром

Во просториите на Општина Аеродром денеска се спроведува крводарителска акција во соработка со ЈЗУ ГОБ „8 Септември“.

-Во акцијата се вклучија голем број вработени од општинската администрација, како и многу хумани граѓани, кои уште еднаш ја покажаа својата солидарност и хуманост, велат од Општина Аеродром. 

Изразуваат голема благодарност до сите дарители – со овој хуман чин се спасуваат човечки животи и се дава надеж таму каде што е најпотребна.

-Да продолжиме да даруваме, да помагаме и да бидеме пример дека хуманоста е најголема вредност, велат од Општината. 

Маркетинг
Ad 1
Ad 1