Connect with us

Свет

Иранскиот парламент подготвува закон за наплата за премин низ Ормуската Теснина

Парламентот на Иран планира да одобри закон за наплата за премин низ Ормуската Теснина – објавија денеска иранските медиуми.

Според иранските власти, со законот треба да се „осигури безбедноста на бродовите што минуваат“ низ Ормуската Теснина, но не наведоа колку тоа ќе чини.

Шефот на иранската дипломатија Абас Арагчи синоќа изјави дека Иран досега ги прифатил барања за минување низ Теснината од земји како Кина, Русија, Пакистан, Ирак и Индија.

Тој истакна дека Ормуската Теснина, од иранска перспектива, „не е целосно затворена, но е затворена за непријатели“.

Маркетинг
Ad 2
Ad 1