Connect with us

Политика

Европски млади лидери во Скопје на форум за стабилност, ВИ и образование во организација на УМС на ВМРО ДПМНЕ

Повеќе од 70 млади лидери од сестринските партии на Европската народна партија (ЕПП) од цела Европа во наредните денови ќе дискутираат за улогата на технологијата, стабилноста и младинските политики во иднината на западнобалканскиот регион во рамките на настанот Youth Vision 2030: Western Balkans, Stability & AI in Education, што се одржува во Скопје во организација на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, Студентската организација на Европската народна партија (ЕПП) и Фондацијата „Конрад Аденауер“.

Членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и вицепремиер, Александар Николоски, истакна дека настанот претставува значајно признание за Македонија.

– Драго ми е што УМС е домаќин на најголемиот настан што го организира Европската демократска студентска организација на најголемата партија во Европа – Европската народна партија. Се сеќавам на периодот 2004 – 2008 кога бев претседател на УМС, луѓето со кои тогаш работевме денес се на врвот на европската политика. Убеден сум дека и оваа генерација што деновиве е во Скопје е следната генерација на европскиот континент – рече Николоски.

Претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник Сергеј Попов истакна дека присуството на толку голем број млади политички активисти дава силен импулс за соработка и размена на идеи.

– Домаќини сме на млади луѓе од сите сестрински партии на ВМРО-ДПМНЕ, кои се членки на Европската народна партија. Над седумдесет млади идни политичари од Европа се тука. Многу е важно нашата генерација млади политичари да се вмрежува со своите колеги затоа што никогаш не знаете кој ќе стане висок политичар или кој од нашите млади ќе ги наследи сениорските структури во Македонија – рече Попов.

Тој додаде и дека делегацијата ќе оствари средби со највисокиот државен врв, вклучувајќи ги вицепремиерот, премиерот и претседателката на државата.

Директорот на Фондацијата „Конрад Аденауер“ во Македонија, Даниел Браун, ја нагласи важноста на стабилноста и технолошкиот развој како двигатели на европската иднина.

– Стабилноста и вештачката интелигенција се клучни ако сакаме Европа да оди напред. Кога зборувам за Европа, не зборувам само за Европската Унија – зборувам за целиот континент, вклучително и Северна Македонија како една целина. Развојот на технологијата го менува општеството побргу од кога било досега. Сè што се случува во технологијата мора да биде адресирано преку образование, ако сакаме да имаме квалификувани млади луѓе во иднината – посочи Браун.

Маркетинг
Ad 2
Ad 1