Connect with us

Политика

Бојковска: Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ покажа подготвеност и навремена реакција во услови на криза

На телевизијата „24“ во емисијата „Анализа“ гостуваше Драгана Бојковска, член на ИК и пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, која истакна дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ покажала подготвеност и навремена реакција во услови на криза, со што ја истакна мерката за намалување на ДДВ-то на горивата од 18 на 10 %, се наведува во соопштението од  ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го пренесува интегрално. 

– Нашата Влада и нашата држава, овој пат во ситуација кога постои криза и на глобално ниво, наоѓаат начин и се однесуваат соодветно во услови кога постои криза, со тоа што покажавме подготвеност за реакција. Донесовме мерки во кои директно граѓаните ќе ги почувствуваат придобивките со конкретните мерки и со конкретната предвидливост што ја направивме, најпрвин во прва мера што се свика Советот на безбедност од аспект на безбедносната, состојба во која утврдивме дека се наоѓаме на стабилно ниво, а потоа и кога се работи од економски аспект го намаливме ДДВ-то на горивата од 18 на 10 %, со што директно, всушност, се влијае на добросостојбата на граѓаните во ефект на држењето на ценовната стабилност на горивата,- рече Бојковска.

Бојковска исто така посочи дека СДС создава ситуација на расфрлање пердуви кога нешто нудат, а по неколку дена од тоа се одрекуваат и истакна дека во 2022 година инфлацијата била енормно висока, со што ДДВ-то на 2.000 прехранбени производи било покачено од 5 на 10 %. 

– Мене една работа ми е чудна и нејасна, можеби и на самите граѓани, а тоа е онаа состојба во која многу често веќе СДС  ја презентира и ја истакнува пред македонската јавност, а тоа е кога нешто нуди и по неколку дена од тоа се одрекува или создава ситуација на расфрлање пердуви. Непосредно пред да се донесе самата мерка за намалување на ДДВ-то на горивата, неколку дена претходно лидерот на СДС излезе на прес-конференција, бараше намалување на ДДВ-то на горивата, излеговме еве со мерката за намалување, исто беше и со ситуацијата за мигрантите, исто беше и со предложување на резолуцијата за црвените линии, па не ја видовме – рече Бојковска и додаде:

Во 2022 година инфлацијата беше двоцифрена и тогаш се донесе намалување на ДДВ-то, а потоа истите тие го покачија на 2.000 прехранбени производи од 5 на 10 %. Ние сме пример за регионот по тоа што имаме најниско и најстабилно ниво на цената на нафтата.

Маркетинг
Ad 2
Ad 1