Connect with us

Свет

Актуелен час на Мерц пред Бундестагот, се осврна на војната на Блискиот Исток и на растечкото насилство во германското општество

Германскиот канцелар Фридрих Мерц во рамки на концептот Актуелен час преку кој претседателот на Владата дава одговори на прашања на пратениците во Бундестагот, ги искористи воведните минути од обраќањето да се осврне на актуелната ситуација во земјата, но и глобално, пред се од аспект на случувањата на Блискиот Исток.

Мерц ја искористи можноста да се произнесе за моменталната ситуација во војната меѓу САД и Израел од една страна и Иран од друга. Тој не ги коментираше најавите на американскиот претседател Доналд Трамп за преговори со Иран, но рече дека очекува заедно со европските партнери да се најде начин за брзо завршување на ескалацијата.

„Европа притоа ќе има тежина само ако самата, а пред се и Германија, зајакне. Да бидеш силен во овие времиња значи да имаш просперитетна економија, обезбедуваш работни места и овозможуваш отворање нови. И истовремено стануваш способен за одбрана. Нагласувам стануваш, бидејќи тоа повеќе не сме“, рече Мерц.

Германскиот канцелар во оваа прилика истакна дека германската влада прави се што може во насока да ги поттикне САД и Израел да побараат дипломатско решение.

„Некои работи кои се изречени не ни се јасни од стратешки аспект“, забележа тој.

По однос растот на цените на горивата, Мерц најави дека Бундестагот ќе усвои закон за подобар надзор нафтените компании и формирањето на цените. Тој лично рече дека е отворен и за даночни олеснувања за граѓаните, но е скептичен кон воведувањето дополнителен данок на профит за компаниите или т.н. екстрапрофит.

Говорејќи за ситуацијата во Германија, тој истакна дека германското општество се соочува со „експлозија на насилство“, како во реалниот, така и во дигиталниот простор и посочи дека значителен дел од тоа доаѓа од групи доселеници.

Мерц исто така најави поостри закони против сексуалното насилство над жените и повика целото општество да се ангажира во адресирање на причините за насилството, особено во дигиталниот простор.

Непосредното испрашување на премиерот или концептот Актуелен час беше воведен летото 2018 година, како можност што им се дава на пратениците во Парламентот на Германија за поставување прашања до претседателот на Владата. 

Маркетинг
Ad 1
Ad 2