Општини
Во крводарителска акција во велешката касарна собрани 48 крвни единици
Во велешката касарна „Алексо Демниевски – Бауман“ денеска се одржа традиционалната пролетна крводарителска акција. Вкупно беа дарувани 48 крвни единици, а 12 лица за првпат даруваа крв. Во акцијата учествуваа воени лица, офицери и подофицери, професионални војници и цивилни лица ангажирани во Армијата, информира за МИА, Орце Николов секретар на Општинската органзација на Црвен крст Велес, кој акцијата ја оцени како мошне успешна.
Доброволната акција за дарување крв ја организираа Општинската организација на Црвен крст Велес преку свои волонтери и медицинска екипа од Институтот за трансфузиона медицина од Скопје.
-Освен пролеттна се организира и традиционална есенска акција за крводарување или во велешката касарна секоја година се организираат по две акции за доброволно дарување на крв. Акциите секогаш се мошне успешни и имаат одличен одзив од припадниците на Армијата и цивилни лица ангажирани во Армијата, оцени Николов.
март 25, 2026

