Connect with us

Свет

Хидвеги: Скандалот со шпионот од Тиса го докажува планот за проукраинска влада на Унгарија

 Државниот секретар при Канцеларијата на премиерот на Унгарија, Балаж Хидвеги, денеска изјави дека нов случај на заговор, потежок од кога било досега, излегол на виделина со избивањето на скандалот во врска со шпионот од опозициската партија Тиса, што, како што оцени, јасно докажува дека во тек се подготовки за унгарска „проукраинска агентска влада“.

Тој порача дека не смее да им се дозволи на Брисел и на украинскиот претседател Володимир Зеленски да формираат влада во Унгарија.

Хидвеги во видео објавено на Фејсбук рече дека се подготвува влада која, наместо да им служи на интересите на унгарскиот народ, ќе ги задоволи барањата на Украина и на Брисел.

– Веќе знаевме дека Тиса и Украина коваат заговор на штета на Унгарците … Стана јасно дека на лидерот на Тиса, Петер Маѓар, му помагаат агенти поврзани со странски разузнавачки служби – наведе Хидвеги.

Според него, Тиса, „во соработка со шпионот кој се претставува како новинар, работи на формирање проукраинска влада“. „Таква влада не би можела да одбие учество во војната или да одбие Унгарците да даваат пари за Украина“, наведе Хидвеги.

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто вчера ги оцени како „огромен скандал и тешко мешање во изборниот процес“ наводите дека странски разузнавачи, со помош на унгарски новинар, ги прислушувале неговите разговори, пренесе МТИ.

Сијарто на прес-конференција во Шарвар истакна дека инцидентот е „напад врз суверенитетот на Унгарија“ и дека ги преминува сите граници, бидејќи новинарот соработувал со странски разузнавачки служби и имал врски со најблиските кругови на опозициската партија Тиса.

– Секој кој имал наивна илузија за тоа дали постои мешање на странски тајни служби во кампањата за парламентарните избори во Унгарија, сега доби доказ – наведе тој, пренесува Маѓар Немзет.

Тој нагласи дека е повеќе од 11 години на функцијата и оти во тој период често се консултирал со странски колеги, истакнувајќи дека прислушувањето претставува директно мешање во унгарската предизборна кампања.

Маркетинг
Ad 4
Ad 4