Connect with us

Свет

Велика Британија воведува санкции против „Транснефт“

Велика Британија ја вклучи компанијата „Транснефт“ меѓу речиси 300 други санкционирани руски субјекти во рамките на пакет-санкциите за кои Лондон вели дека се најголемите наметнати од британските власти од раните фази на војната во Украина.

Санкциите се објавени на четвртата годишнина од почетокот на војната.

Британската влада соопшти дека „Транснефт“ е еден од најголемите оператори на цевководи во светот и транспортира повеќе од 80 проценти од извозот на сурова нафта од Русија.

Мерката има цел уште повеќе да ги ограничи приходите на Москва од извозот на енергија. Со санкциите се опфатени и 48 танкери за нафта.

Маркетинг
Ad 4
Ad 1