Connect with us

Свет

Мерц повикува на европско единство на годишнината од војната во Украина

Германскиот канцелар Фридрих Мерц повика на европско единство на четвртата годишнина од руската инвазија на Украина велејќи дека само колективна сила може да ја заврши војната.

„Четири години, секој ден и секоја ноќ беше кошмар за народот на Украина. И не само за нив, туку и за сите нас. Бидејќи војната се врати во Европа“, напиша Мерц на X.

„Само со заедничка сила ќе ја завршиме. Судбината на Украина е наша судбина“, додаде тој. 

Маркетинг
Ad 1
Ad 2