Connect with us

Свет

Две лица загинаа во експлозија пред железничка станица во Москва

Две лица се убиени во раните утрински часови во експлозија пред железничка станица во Москва, соопшти локалната полиција.

Московската полиција соопшти дека околу 00:05 часот по локално време, непознато лице се приближило до патролно возило на сообраќајна полиција на плоштадот пред Савеловската станица во центарот на Москва, по што следела детонација на неутврдена експлозивна направа.

При експлозијата загинале напаѓачот и еден полициски службеник, а уште двајца се ранети. Патролното возило е уништено до непрепознатливост од експлозивниот бран, но не се запалило.

На местото на настанот пристигнале службеници на рускиот Истражен комитет и возила на брза помош. Плоштадот пред станицата е опколен од полиција, а сообраќајот на градскиот превоз во тој реон е запрен, јавија локалните медиуми.

Покрената е кривична постапка за напад врз животот на службеник на органите за спроведување на законот и за поседување експлозивна направа.

Маркетинг
Ad 2
Ad 4