Connect with us

Политика

ВМРО-ДПМНЕ: Во СДСМ знаеле за криминалот на Груби и молчеле

По повеќе од година дена поминати во бегство, на граничниот премин Блаце е приведен поранешниот вицепремиер во коалицијата на СДС и ДУИ, Артан Груби. Поранешниот вицепремиер Артан Груби се поврзува со сериозен криминал и корупција во периодот на владеењето на СДС и ДУИ. Осомничен е за проневера во службата за случајот со „Државна лотарија“. Штетата на државата од неговите постапки е над 8 милиони евра со индиции сумата да биде и значително повисока, наведува ВМРО-ДПМНЕ во денешното соопштение, што МИА го пренесува интегрално.

Во јавноста беа изнесени сомнежи дека заедно со тогашниот директор на „Државна лотарија“, Бајрами, биле спроведувани спорни тендерски постапки и исплаќани аванси кон деловни партнери.

Во СДС знаеле за криминалот на Груби и молчеле и не реагирале.

За да опстане ден повеќе на власт, СДС ги толерирал злоупотребите што се случувале во „Лотарија“ под раководство на Бајрами, а под покровителство на Груби тоа го потврди и извештајот на ДЗР.

Јавноста очекува институционална разрешница.

Борбата против криминалот и корупцијата е приоритет, а секој што постапувал спротивно на законот ќе мора да одговара во согласност со правниот поредок.

Маркетинг
Ad 4
Ad 1