Култура
„Тоска“, „Мадам Батерфлај“ и „Оревокршачка“ на мартовскиот репертоар на Националната опера и балет
Оперите „Тоска“ и „Мадам Батерфлај“ од италијанскиот композитор Џакомо Пучини и балетот „Оревокршачка“ од Петар Илич Чајковски се на мартовскиот репертоар на Националната опера и балет.
– Во свет каде вистинските културни доживувања стануваат сè поретки, со особена чест ве покануваме да го доживеете март во МОБ — месец посветен на уметноста, традицијата и извонредноста. Мартовскиот репертоар обединува три дела што претставуваат врв на оперската и балетската уметност, нудејќи атмосфера на достоинство, префинетост и уметничка длабочина. Секоја изведба е внимателно подготвена со цел да создаде вистинско културно искуство, стои во соопштението од Националната опера и балет.
„Тоска“, како што се наведува, носи драматична енергија и силна сценска експресија што го отсликува вечниот судир меѓу љубовта и моќта. „Тоска“ ќе биде изведена на 6 март во 19:30 часот, а билети можат да се набават на следниот линк: https://t.ly/Toska06.03.26

„Мадам Батерфлај“, како што наведуваат, раскажува деликатна и длабоко човечка приказна што ја нагласува убавината на искрената емоција. „Мадам Батерфлај“ ќе биде изведена на 13 март во 19:30 часот, а билети можат да се набават на следниот линк: https://t.ly/Madama.Butterfly

„Оревокршачка“, пак, создава атмосфера на елеганција и сценска раскош, претворајќи ја ноќта во вистински празник на уметноста. На репертоар е на 28 март 2026 година, а билетите за „Оревокршачка“ се достапни на следниот линк: https://t.ly/Oravokrsacka28.03.26
февруари 24, 2026

