Хроника
Лишен од слобода српски државјанин за криумчарење мигранти на автопатот кај Гевгелија
Полициски службеници утрово лишиле од слобода српски државјанин – криумчар на мигранти, во неговото возило превезувал пет лица од Египет и едно лице од Палестина, соопшти Министерството за внатрешни работи.
-Утрово во 01:40 часот на автопатот Гевгелија – Скопје, на место викано „Авлаќот“ во Гевгелија, полициски службеници го лишија од слобода М.П.(30) од Република Србија. Полициски службеници извршиле контрола на патничко возило „опел астра“ со српки национални ознаки, кое го управувал, при што биле пронајдени шест лица мигранти, од кои пет лица од Египет и едно лице од Палестина, посочуваат од Министерството.
Како што се наведува во соопштението на Министерството тој бил предаден на полициски службеници во ОВР Гевгелија за понатамошна постапка, додека мигрантите биле сместени во Прифатно – транзитен центар „Винојуг“ – Гевгелија.
Од МВР информриаат дека за настанот бил известен надлежен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
февруари 24, 2026

