Connect with us

Свет

Американските сили почнаа со повлекување од нивната најголема база во Сирија

Американските сили денеска почнаа да се повлекуваат од нивната најголема база во североисточна Сирија бидејќи властите во Дамаск ја консолидираа контролата врз земјата – објавија британските медиуми повикувајќи се на неименувани безбедносни извори.

Неколку десетици камиони, некои натоварени со оклопни возила, денес ја напуштија базата Касрак во областа Хасака.

Доколку има целосно повлекување од Касрак, американските сили на сириска почва ќе останат само во базата Рмелан, во близина на границата со Ирак.

Касрак беше главна база за борба против организацијата Исламска држава повеќе од 10 години.

Се очекува повлекувањето од Касрак да трае околу еден месец

Маркетинг
Ad 3
Ad 2