Хроника
Тетовка измамена за 3 000 евра, му платила на посредник, но не добила работна виза за Германија
Жена (32) од Тетово пријавила дека била измамена од сограѓанин за сума од 3.000 евра. Во 2024 година таа се договорила со него да ѝ посредува за добивање работна виза за Германија. Парите му ги исплатила во неколку наврати, но услугата не била извршена.
Како што информира МВР, случајот е пријавен вчера во 20:00 часот, во СВР Тетово. Жената и кажала на полицијата дека кога стапила во контакт со лицето-посредник и си ги побарала парите, тој почнал расправија, а подоцна бил недостапен.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
февруари 23, 2026

