Connect with us

Свет

Трамп објави дека ги зголемува глобалните царини на 15 проценти

Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави денеска дека ги зголемува глобалните царини на 15 проценти. Објавата негова следи само еден ден откако Врховниот суд на САД ги укина неговите претходни царински тарифи од април минатата година.

Тој синоќа потпиша извршна наредба со која се воведуваат глобални царини од 10 проценти. Сепак, американскиот претседател денеска објави на мрежата Трут соушл дека царините ќе бидат зголемени на 15 проценти, објави Би-Би-Си.

Овие царини ќе стапат во сила во вторник, 24 февруари. Тие можат да останат во сила само околу пет месеци пред администрацијата на Трамп да мора да побара одобрение од Конгресот.

Маркетинг
Ad 1
Ad 3