Хроника
Приведен албански државјанин, агресивно се однесувал кон полициски службеници
Полициски службеници од дебарското одделение за внатрешни работи привеле албански државјанин, кој возел над дозволената брзина и насилно се однесувале кон нив.
Според Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи- Охрид, вчера околу 12:40 часот, кај месноста „Банишка раскрсница“ во близина на Дебар, на патот кој води кон граничниот премин „Блато“,приведен е албанскиот државјанин Р.Л.(25).
-При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патнички автомобил „голф“ со албански национални ознаки што тој го управувал и констатирале дека ја надминал дозволената брзина на движење. Притоа, Р.Л. бил агресивен кон полициските службеници и ги одбивал нивните насоки, информираше Димоски.
Додаде дека против Р.Л. ќе биде поднесена соодветна пријава.
февруари 22, 2026

