Хроника
Струмичанец и струмичанка купиле кокаин од тетовчанец, тројцата ги уапсила полицијата
Вчера полицајци од СВР Струмица ги уапсиле П.Ш.(29) и С.Д.(24), двајцата од Струмица отако при претрес во домот на П.Ш., извршен со судска наредба, во кој била затекната и С.Д., е пронајдено пакување со околу 100 грама кокаин, соопштија денеска од овој сектор на МВР.
-Во 14:30 часот во Струмица е лишен од слобода и И.Б.(55) од село Чифлик, тетовско, од кого П.Ш. и С.Д. го купиле кокаинот, се наведува во соопштението на СВР Струмица.
Се додава дека лицата се задржани во Полициската станица Струмица и за настанот е запознаен јавен обвинител од ОЈО Струмица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна кривична пријава и ќе бидат изведени пред судија од Основен суд Струмица.
февруари 20, 2026

