Connect with us

Забава

Уметничко украсување на домот

За куќата да стане вистински дом, велат, клучот е во деталите. За да се остави естетски најдобар и најубав впечаток, уметничкото дело е вистинскиот детаљ којшто го прави дизајнот на ентериерот – целосен и му дава личен печат на амбиентот, пишува порталот „Садрн ливинг“ (Southern Living). Следат неколку совети за естетиката и изборот на уметноста што ќе го краси Вашиот дом.

1. Побарајте нови, млади уметници

Ако ѕидови се празни и навистина сте на почетокот на дизајнот на домашниот ентериер, стручњаците, пред сѐ, препорачуваат дела од млади уметници.

2. Мали уметнички дела

Следниот совет гласи: Купувајте слики што зафаќаат помалку простор на ѕидот. Нека тоа биде прв чекор во создавањето лична уметничка колекција. Делата со помала површина се уште еден паметен начин да се вложи во уметноста, но без големо влијание врз семејниот буџет.

3. Купете го она што Вам ви се допаѓа

Кога ќе наидете на нешто што навистина Ви се допаѓа – купете го. Не размислувајте за тоа дали вреди, како ќе се вклопи итн. Тоа е она што сакате да го гледате на Вашиот ѕид и тоа е она што треба да го имате во Вашиот дом, препорачуваат познавачите.

4. Усогласување и комбинирање на уметничките дела

Како ќе ги закачите новите уметнички дела во Вашиот дом е личен печат. Дали ќе ги поставите сите пејзажи на еден ѕид, а портретите на друг – тоа е лична одлука и тука дизајнерот нема општ совет. Важно е изборот да произлезе и да се совпадне со интересите и вкусот на домаќините и да го одразува нивното чувство за својот простор.

5. Локално истражување и искуства

Учествувајте во некоја прошетка во местото каде што живеете – за да ја откриете новата уметност во Вашата околија. Посетата на класичните галерии овозможува лично да ги видите делата на уметниците, се истакнува, што може да биде особено вредно при додавањето дело во домот.

6. Набавете ограничено издание

Се чини, сите ја сакаат оригиналната уметност, но фините печатени материјали не се секогаш лош избор, советуваат стручњаците. Тоа, велат, е паметен начин да се додаде одлично дело од омилениот уметник на ѕидот, а со минимална цена

Маркетинг
Ad 2
Ad 3